Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бегалци најдоа работа во Германија?

Колку бегалци најдоа работа во Германија?

Околу 30 000 бегалци во Германија веќе најдоа работа, а во исто време 130 000 чекаат за азил и добиваат помош.

Најмалку 30 000 бегалци најдоа работа во Германија од пролетта 2015 година, објавија од германскиот центар за труд.

Владата продолжува да вложува напори да обезбеди храна на многу повеќе невработени, а има и мерки за интегрирање и јазични курсеви.

Од оние кои добиле работа меѓу април 2015 година и март 2016 година, секој четврти е со привремен договор, а повеќето позиции, за вработените бегалци се во секторите чистота и безбедност.

„Во моментов има 130 000 кандидати за азил кои се без работа и добиваат помош"- истакна шефот на Федералната агенција за вработување, Франк-Јирген Вајс.

Во четвртокот германскиот парламент усвои нов закон со кој се определуваат мерки за намалување на помошта за луѓето кои одбиваат да направат чекори за интеграција во германското општество.

Слично

Поврзани вести