Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бегалци ќе стигнат годинава во Германија?

Колку бегалци ќе стигнат годинава во Германија?

Од германското федерално Министерство за миграции и бегалци,  велат дека очекуваат оваа година во земјата да пристигнат не повеќе од 300 илјади бегалци.

„Подготвени сме да прифатиме меѓу 250 и 300 илјади бегалци во оваа година"- рекоа од Министерството за „Билд ам Зонтаг".

Сценарио според кое во Германија ќе пристигнат повеќе бегалци, е малку веројатено. Претходно Германија соопшти дека во земјата во 2015 година пристигнале над 1 милион бегалци. Земјата има примено помал број бегалци, отколку што се очекуваше. Некои од пристигнатите се регистрирани по два пати, други ја напуштиле Германија, и бараат можности во други земји.

Слично

Поврзани вести