Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колку бегалци се „заглавени“ во Југоисточна Европа?

Колку бегалци се „заглавени“ во Југоисточна Европа?

Приближно 77 000 бегалци се блокирани во Југоисточна Европа, откако беше затворен во почетокот на годината т.н.. „Балкански пат", соопшти ДПА, повикувајќи се на официјални податоци на германските власти.

Само во Грција има 62 000 бегалци, а 15 000 од нив се на острови во Егејското Море, пишува весникот „Билд".

Сепак, затворените граници мигрантите пак успеваат да ги преминат или заобиколат.

Во Србија, бројот на кандидати за азил кои се обидуваат да одат во Западна Европа, достигна 6300 во споредба со 2000 кон крајот на јуни.

Откако беше затворен „Балканскиот пат" во средината на февруари, 50 000 лица успеале да стигнат до Германија, изјави во септември австрискиот канцелар Кристијан Керн, цитирајќи ја германската колешка,  Ангела Меркел.



Слично

Поврзани вести