Колку бегалци пристигнаа досега во Германија?
Голем број украински бегалци заминаа во Германија. Околу 40 отсто од украинските бегалци се малолетни, а жените сочинуваат 81 отсто од возрасните бегалци.
Над 700.000 луѓе кои избегале од војната во Украина дошле во Германија, објави денеска германскиот весник „Велтам Зонтаг“, цитирајќи го Министерството за внатрешни работи. Од почетокот на војната во Украина до 11 мај во германскиот Централен регистар за странци се регистрирани 727.205 лица, меѓу кои 93 отсто се лица со украинско државјанство. Бројот на луѓе кои ја напуштиле Украина надмина шест милиони. Ова е најголемата бегалска криза од крајот на Втората светска војна, објави Агенцијата за бегалци на ОН. Во земјата има и неколку милиони внатрешно раселени. Најголем број бегалци прими Полска.
