Колку бегалци прими Германија годинава?
За првите девет месеци од оваа година во Германија пристигнале околу 213 000 мигранти.
Во споредба со 2015 година миграцискиот проток е видно намален. Ова го изјави германскиот министер за внатрешни работи, Томас де Мезиер.
„Во текот на оваа година успеавме значително да се намали бројот на мигрантите. Успеавме да воведеме ред во постапката за обработка на барањата "- посочи тој.
Од почетокот на миграциската криза германските власти добиле 660 000 барања за азил. Миграциски завод обработил околу 460 000 од нив.
Слично
