Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкави плати нудат Русите за авганистанските командоси за да војуваат во Украина?

Колкави плати нудат Русите за авганистанските командоси за да војуваат во Украина?

Русите сакаат да донесат илјадници поранешни авганистански командоси во својата „странска легија“. Нив им нуделе плати од 1.500 долари месечно и безбедно засолниште за нив и нивните семејства за да избегнат депортација во Авганистан.

„Тие не сакаат да се борат, но немаат избор“, раскажал еден од генералите, Абдул Раоф Аргандивал. 

Вели дека десетици авганистански командоси што сега се во Иран, со кои тој комуницира преку СМС-пораки, најмногу се плашат од депортација.

Руската армија за војната во Украина регрутира припадници на специјалните единици на авганистанската армија, кои се бореа рамо до рамо со американските војници, а кои побегнаа во Иран по повлекувањето на САД од Авганистан лани, рекле тројца бивши авганистански генерали за новинската агенција Асошиејтед прес. Војната трае со месеци. Русија регрутираше скоро 300.000 граѓани, а Украина тврди дека тие изгубиле над 70.000 војници досега. 

фото EPA

Слично

Поврзани вести