Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛКАВА ЗАШТИТА ДАВА ВАКЦИНАТА НА СИНОФАРМ: Жена го објави резултатот од антителата по втората доза

КОЛКАВА ЗАШТИТА ДАВА ВАКЦИНАТА НА СИНОФАРМ: Жена го објави резултатот од антителата по втората доза

Во Србија голем број граѓани ја примија првата доза од кинеската вакцина на производителот Синофарм, а во тек е ревакцинација. По добивањето на двете дози на вакцината, според објаснувањата од имунолозите, организмот развива целосен имунитет на корона вирусотот. Една Србинка тестираше дали е тоа вистина и го сподели нејзиниот резултат на Твитер.

Имено таа направила тест за антитела само шест дена по апликацијата на втората доза од вакцината Синофарм. Нејзиното име е скриено во наодот, но јасно се гледаат експертите кои го извршиле тестот, како и датумот - 15 февруари.

Наодите јасно покажуваат дека жената има високи нивоа на антитела на САРС-CoV-2.

Граничната вредност на антителата кои покажуваат дали е изграден имунитет, а кој изнесува над 50 , кај неа вредноста на антителата е дури 866,8.


Ова откритие покажува дека вакцината на Синофарм е многу ефикасна во заштитата од Ковид-19, велат експертите, при тоа истакнувајќи дека најдобро е да се направи контрола на IgG-антителата две недели по рпимање на втората доза од вакцината.

Инаку, кон крајот на декември 2020 година, самата компанија Синофарм објави дека нејзината вакцина е ефикасна 79 проценти. 


Слично

Поврзани вести