Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава територија загуби ИД?

Колкава територија загуби ИД?

Терористичката група „Исламска држава" загубила 16% од нејзината територија, во првите девет месеци од 2016 година. 

Поразите, кои се нанесени во последно време, пак се невидени по стратешкото значење. Ова го објави денеска аналитичарот  Ај Ејч Ес Маркин, цитиран од ДПА. 

Групата во моментов контролира околу 65 000 квадратни километри во Сирија и Ирак во однос над 90 000 квадратни километри во почетокот на минатата година.

„Загубата на директниот патен пристап до прекуграничните трафикантски правци за Турција силно ја ограничи можноста на ИД да бира нови борци од странство, додека истовремено се очекува ирачката влада да започне офанзива за Мосул“- посочува Ес Маркин.

Ирачкиот премиер Хајдер ал Абад вети дека оваа година ќе ги истурка исламистите од Мосул, откако владините сили ги вратија Фалуџа и Рамади.

Во првото тримесечје од 2016 година,  26% од регистрираните руски удари биле насочени кон ИД, а само 17% во третиот квартал.

Слично

Поврзани вести