Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава територија окупираа Русите во Украина?

Колкава територија окупираа Русите во Украина?

Во рацете на руските сили се 20 отсто од територијата на Украина. Ова го потврди украинскиот претседател Володимир Зеленски. 

Линијата на фронтот е долга повеќе од илјада километри. Претседателот вели дека Донбас е целосно уништен, а беше еден од најмоќните индустриски центри во Европа. 

„Мора да се браниме од речиси целата руска армија. Сите борбени формации на руската војска се вклучени во оваа агресија“, рече Зеленски.

Војната во Украина се ближи кон 100-от ден. Ситуацијата е најкритична во градот Северодоњецк, кој по неколку недели интензивни борби и бомбардирања речиси целосно е под контрола на руските трупи.

Според  регионалниот гувернер на Луганск, Серхи Гајдаи, во Северодонецк има уште околу 15.000 луѓе. 

Aмериканскиот државен секретар Ентони Блинкен вели дека војната во Украина ќе трае уште многу месеци. 

Според рускиот шеф на дипломатијата, Сергеј Лавров, можно е трети земји да бидат вовлечени во војната. 

Слично

Поврзани вести