Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава територија изгуби „Исламска држава“ годинава?

Колкава територија изгуби „Исламска држава“ годинава?

Терористичката група „Исламска држава" изгубила 12% од нејзината територија, од почетокот на оваа година.

Исламистите во моментов контролираат околу 68 300 квадратни километри во Сирија и Ирак, а имаа над 90.000 квадратни километри во почетокот на 2015 година.

„Исламска држава" во последно време изгуби територии во ееверна Сирија од сириските владини сили, во централниот пустински регион на Сирија и од  ирачките сили западно и северно од Багдад.

Покрај тоа месечните приходи на групата се намалиле од околу 80 милиони долари во средината на 2015 година до 56 милиони во март 2016 година, а можеби оттогаш наваму се намалени за уште 35 проценти.

Групата се соочува со намалени приходи, бараат алтернатива, а против сите кои ќе дезертираат од нивните редови или нема да ги извршуваат наредбите преземаат радикални мерки. Последен пат дел од борците беа сварени во врела вода.

Слично

Поврзани вести