Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава штета трпи Украина поради војната?

Колкава штета трпи Украина поради војната?

Поради војната Украина трпи штета од над 97 милијарди долари. 

Оваа сума е до 1 јуни. Но, обновата на државата може да чини близу 350 милијарди долари. Ова го покажа извештајот на Светска банка, а украинската Влада и Европската комисија го објавија денеска.

Се очекува раселувањето на една третина од вкупното население на Украина, а стапката на сиромаштија да се зголеми на 21 од двата отсто пред војната. 105 милијарди долари се потребни краткорочно за решавање итни приоритети, како на пример повторна изградба на илјадници оштетени или уништени училишта и над 500 болници. Исто така, потребно е подготвување за најверојатно суровата зима што следува, со поправки на домови и враќање на греењето, со набавка на гас. Сумите веројатно ќе растат како што продолжува војната, се истакнува во извештајот. Војната почна на 24 февруари. 

Слично

Поврзани вести