Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава плата зема Ангела Меркел?

Колкава плата зема Ангела Меркел?

Платите на функционерите во Германија повторно растат.

Владата гласаше за зголемување на платите на функционерите,  со што платата на канцеларката Ангела Меркел ќе надмине 18 000 евра.

Од Владата е прифатено зголемување на платите за 2,2 проценти за 2016 година и 2,35 проценти за 2017 година. Платата на Меркел во 2016 година стана 18 388 евра, а во 2017 година ќе изнесува 18 820 евра.

Меркел заработува повеќе од францускиот претседател Франсоа Оланд, кој добива 179 000 евра годишно.

Општо платите во Германија растат, па така минималниот надомест од пред година и половина од 8,50 евра на час, ќе се зголеми на 8,84 евра на час во 2017 година.

Слично

Поврзани вести