Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкава е ефикасноста на кубанските вакцини?

Колкава е ефикасноста на кубанските вакцини?

Вакцините кои ги создадоа научниците во Куба, имаат висок степен на ефикасност. 

Кубанската вакцина „Соберана 2“ е ефикасна 91,2 отсто. Истражување направено во Куба покажува дека нивната вакцина која се прима во две дози – Соберана 2, со засилувач наречен Соберана Плус, има ефикасност во 91,2 отсто. Минатиот месец, другата кубанска вакцина Абдала покажа ефикасност од 92,28 проценти. Кубанскиот сектор за биотехнологија има долга историја на развој на вакцини. Тој произведува 80 проценти од вакцините кои се користат во државата и се извезуваат. Во Куба се развиваат пет вакцини против коронавирусот, а се очекува Абдала и Соберана 2 да бидат одобрени на локално ниво, за да може Светската здравствена организација да ги користи. Куба е првата карипска земја која успешно разви вакцина против коронавирусот. Кубански лекари помагаа ширум светот во борбата со пандемијата. 

Куба има 1.431 починат од коронавирусот.

Слично

Поврзани вести