Колкава е директорска плата во „McDonald’s“?
Агенцијата Блумберг пишува за разликата на платите на вработени во индустријата на брзата храна и директорите на тие компании во Америка.
Конкретен пример е пронајден во „McDonald's“ каде вработен веќе 20 години работи за минимална плата. Во својот работен век, вработениот работел во дури шет ресторани на „Mcdonald's“, но никогаш не напредувал. Што е уште поважно со секое негово преместување платата му се намалувала на почетнички минималец.
Денес овој вработен живее во хотел, соба која ја изнајмува за 32о долари, собата нема купатило, па мора да го дели со другите станари во евтиниот хотел.
Џонсон заработува 8,25 долари за еден час, но дури и кога работи во два ресторани на McDonald's не може да собере полна сатница од 40 часа работа неделно. Тој би требало да работи милион часови, односно потребни му се повеќе од сто години работа за да достигне да добие плата кои минатата година ја добил тогашниот директор на „Mcdonald's“ Џим Скенер -8, 75 милиони долари.
Според проценките на Блумберг разликата во платите драстично се покачила пред 20 години кога Џонсон и започнал да работи во овој ресторан, платата на директор тогаш била 230 пати повисока од платата на работник кој зема минималец. Денес директорската плата е повисока за 580 пати.
Слично
