Колкав процент од Унгарците сакаат да го видат Орбан на обвинителна клупа?
Две третини од Унгарците сакаат да го видат екс премиерот Виктор Орбан на обвинителна клупа.
Дури 65 проценти од граѓаните би сакале да го видат екс унгарскиот премиер Виктор Орбан на обвинителната клупа, каде што би одговарал за своите постапки за време на неговото шеснаесетгодишно владеење.
Овие податоци доаѓаат откако партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар, постигна убедлива победа над Фидес на Орбан во април.
Според најновото мајско истражување на агенцијата Median, спроведено за порталот hvg.hu, две третини од испитаниците веруваат дека Орбан направил толку сериозни прекршувања на законот за време на неговото долго владеење што треба да биде изведен пред суд. Овој став го делат дури 88 проценти од гласачите за победничката партија Тиса, но интересно е што 12 проценти од гласачите за самата Фидес исто така имаат исто мислење.
„Дваесет и осум проценти од испитаниците рекле дека Орбан сноси политичка одговорност за своите постапки, но дека не треба да биде гонет. Седум проценти од испитаниците немале формирано мислење за ова прашање“, се наведува во објавените резултати.
По големите политички промени, кај Унгарците се забележува пораст на оптимизмот. На прашањето дали работите во земјата се развиваат во вистинската насока, 63 проценти од испитаниците одговориле потврдно.
фото принтскрин јутјуб
