Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав процент од Германците зимава нема да можат да ги платат сметките?

Колкав процент од Германците зимава нема да можат да ги платат сметките?

Оваа зима се проценува дека 15 отсто од германските граѓани нема да можат да си ги платат сметките. 

Петнаесет отсто Германци нема да можат да плаќаат за комунални услуги поради цената на гасот.  Компаниите купуваа гас по многу високи цени, и од октомври товарот ќе падне на грбот на граѓаните. 

„Некои комунални претпријатија проценуваат дека до 15 отсто од клиентите нема да можат да си ги платат сметките“, вели Ингберт Либинг, директор на германската асоцијација на комунални претпријатија, во интервју за „Функе“.

Околу 900 комунални претпријатија дистрибуираат две третини од германскиот гас. 

Франција и Германија тврдат дека сега се поспремни да издржат без руски гас. Поради руската инвазија на Украина, EУ воведе санкции кои ги опфаќаат и руските енергенси. Eвропа се подготвува за зимата која доаѓа. Прогнозите велат дека Европа ја чекаат најмалку 5 тешки зими. 

foto freepik.com/artbutenkov

Слично

Поврзани вести