Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колкав е бројот на раселени луѓе по светот?

Колкав е бројот на раселени луѓе по светот?

Бројот на луѓе раселени во светот поради војни лани го достиг максимумот, сметаат од УНХЦР.

Околу 65.3 милиони луѓе или се бегалци или се баратели на азил. Тоа значи дека еден на секој 113-ти човек  во светот има ваков проблем. Само во текот на изминатата година бројот на луѓето кои го  напуштиле домот, е зголемен за 5,8 милиони. Повеќе од половина од нив доаѓаат од три држави и тоа Сирија, Авганистан и Сомалија.

Бројките се споделени по повод Светскиот ден на бегалците. УНХЦР ја нагласува и ксенофобијата во време кога крајно-десничарите и политичарите националисти имаат се поголема популарност зборувајќи против бегалците.

Според УНХЦР, 86% од бегалците во светот се распределени во земји кои не се економски најподготвени за тоа. Најмногу бегалци има во Турција, околу 2.5 милиони, а потоа во Пакистан и Либан.

Германија, САД па Шведска се трите земји кои добиле најмногу апликации од барателите за азил.

Во моментот бројот на раселените луѓе е повеќе од населението на држави како Франција и Велика Британија.

Слично

Поврзани вести