Колкав дел од Французите се задоволни од Макрон?
Мнозинството француски граѓани го одобруваат изборот на новиот претседател.
Над 62% од Французите го одобруваат изборот на новиот француски претседател Емануел Макрон.
Ова го покажува истражувањето на јавното мислење направено од IFOP Survey (IFOP) по нарачка на весникот Журнал де диманш.
На прашањето „Дали сте задоволни од изборот на Емануел Макрон за француски претседател?”, позитивно одговариле 62% од анкетираните.
Од нив 12% велат дека се „многу задоволни”, а 50% дека се „прилично задоволни” .
„Ннаскоро незадоволни” се 20% од Французите, а други 11% се „многу незадоволни”.
Така вкупниот број на незадоволни од изборот на новиот шеф на државата изнесува 31%. Без одговор биле 7% од испитаниците.
Популарноста на Макрон е речиси еднаква на онаа на неговиот претходник Франсоа Оланд, кој во мај 2012 година, веднаш по изборот го одобруваа 61% од испитаниците.
