Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коликаев: Никој нема право тајно да носи судбоносни одлуки за жителите на Херсон

Коликаев: Никој нема право тајно да носи судбоносни одлуки за жителите на Херсон

Никој нема право да нѐ направи дел од Русија, вели градоначалникот на Херсон, Игор Коликаев. 

Тој реагираше на пишувањата на руските медиуми дека властите во овој регион, кои ја уживаат поддршката на Русија, ќе побараат од рускиот претседател Владимир Путин да стане дел од Русија.

„Сигурен сум дека жителите на Херсон се сметаат себеси исклучиво за дел од Украина. Никој нема право тајно да носи такви судбоносни одлуки за нив“, напиша Коликаев на Фејсбук. 

Тој повика на „итна интервенција“ на украинскиот претседателски кабинет и официјалното соопштение со кое се потврдува дека Украина се бори за Херсон и дека „го цени секој нејзин жител што не го напуштил градот“.

Можете да се придружите на Марс или Јупитер, порачаа украинските власти на oние кои сакаат припојување на Херсон со Русија. 

foto EPA/GEORGIOS KEFALAS

Слично

Поврзани вести