Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЛЕЖ ВО КАНАДА, МРТВИ ТЕЛА НА 13 ЛОКАЦИИ: Овие луѓе убија десет лица, и избодеа уште најмалку 15, тие се во бегство

КОЛЕЖ ВО КАНАДА, МРТВИ ТЕЛА НА 13 ЛОКАЦИИ: Овие луѓе убија десет лица, и избодеа уште најмалку 15, тие се во бегство

Се претпоставува дека напаѓачите се блиски роднини, но не е потврдено дали се браќа или братучеди. Полицијата се уште трага по Демијан и Мајлс Сандерсон, кои се осомничени дека убиле десет и раниле уште најмалку 15 лица на 13 различни локации во Саскачеван.

Масакрот се случил на повеќе локации, а полицијата истражува 13 места каде се пронајдени мртви или повредени лица. Според информациите, некои од жртвите се чини дека биле цел на осомничените, додека други биле нападнати по случаен избор. Во потрагата по осомничените полицијата ангажирала дополнителни сили.

Првиот повик во полиција дошол околу 7 часот, а полицијата смета дека нападите биле случајни.

По Дамјан и Мајлс е распишана потерница, но се уште не е потврдено дека се биолошки браќа. Се верува дека побегнале со црн нисан.

Властите соопштија дека неколку лица биле пренесени во болница со убодни рани.

- Три хеликоптери се во воздух и превезуваат пациенти - соопштија надлежните.

Засега не се познати полот и возраста на убиените и ранетите.

ФОТО: RCMP

Слично

Поврзани вести