КОЛЕКТИВНИОТ ИМУНИТЕТ НА ДОФАТ: Прва земја во светот кој вакцинираше 80 отсто од популацијата со две дози против Ковид-19
Во Сингапур 80
проценти од 5,7 милиони жители се вакцинирани со две дози против Ковид-19,
објави на Фејсбук министерот за здравство Онг Је Кунг.
-Поминавме уште една пресвртница, каде 80% од нашата популација ги доби двете дози од вакцината. Тоа значи дека Сингапур направи уште еден чекор напред, да бидеме поотпорни на КОВИД-19. Тоа е резултат на колективниот напор на многу луѓе кои работат зад сцената, и луѓето од Сингапур излегуваат да се грижат за себе и за луѓето околу нив. Вакцинацијата продолжува со голема брзина. Над 4.300 индивидуи, примија вакцина која им беше аплицирана од страна на домашните тимови за вакцинација. Секоја недела, продолжуваме да примаме околу 700 барања за домашна вакцинација. За да се исполни побарувачката, и благодарение на над 200 волонтери лекари и медицински сестри, а исто така и помошта на САФ, ние тројно го зголемуваме бројот на тимови за домашна вакцинација од 11 на 33 тимови. Како резултат на тоа, сега можеме да го преполовиме времето на чекање од 8 недели на 4 недели. Наша цел е да ги завршиме сите домашни вакциниции до крајот на септември. Тоа ќе биде уште еден важен чекор напред, пишува министрот Кунг.
Со тоа Сингапур е прва земја во светот со најголем процент на вакцинирани луѓе.
