КОЛАПСОТ НА FTX ГО ЗАГРОЗУВА ЦЕЛИОТ КРИПТО-ПАЗАР: Во големи проблеми и спонзорите на фудбалот во Катар
Пазарот на криптовалути на најлош можен начин ја завршува
годината полна со лоши вести. На 2 ноември беше иницирана низа на настани кои
доведоа до банкрот на берзата за криптовалути FTX, една од најголемите во
светот, а негативниот шок од тој настан се прелеа на остатокот од пазарот.
Од банкротот на FTX, поточно поднесувањето на барањето за стечај според американскиот закон Поглавје 11, еден од најспоменуваните зборови во крипто заедницата е „fallout“. Овој термин значи ширење на негативните последици од настанот на актери кои не се директно поврзани или одговорни за самиот настан.
Колапсот на криптовалутата FTX се прелева на целиот пазар и го загрозува нејзиниот опстанок. Постоењето на самите криптовалути не е во опасност, иако има и такви кои последните настани ги опишуваат како почеток на крајот, но многу криптовалути, фондови и крипто берзи имаат проблеми по прогласувањето банкрот на FTX, принудувајќи ги да воведат непопуларни мерки да се заштитат од последиците. Тоа, пак, само го продлабочува сомнежот и паниката кај другите актери, продолжувајќи ја кризата.
Само неколку часа откако FTX поднесе барање за стечај, од паричникот на компанијата исчезнаа различни криптовалути во вредност од 663 милиони долари. 186 милиони долари се однесуваат на продажбата на самиот персонал на FTX, за покривање на загубите, но останатите 447 милиони долари очигледно се украдени.
Хакерот украл поголем дел од средствата во форма на етериум и на тој начин стана 27-ми најголем сопственик на таа криптовалута во светот. Според информациите на Chainalysis, компанија за анализа на блокчејн, хакерот почнал да ја конвертира украдената криптовалута ethereum во биткоин.
Во неволја се и спонзорите на Светското првенство во Катар
Интересно е што токените Чилиз (CHZ), Алгоранд (ALGO) и Cronos (CRO) се спонзори на Светското фудбалско првенство во Катар. Некои репрезентации имаат свои токени, како што е токен за навивачи на фудбалската репрезентација на Бразил (BFT) и токен на навивачи на фудбалската репрезентација на Шпанија (SNFT).
