Економија, финансии, бизнис

Контакт

Колапс во компјутерите доведе до хаос по британските аеродроми

Колапс во компјутерите доведе до хаос по британските аеродроми
Паѓање на системот за воздушна контрола во главниот диспечерски центар на британската цивилна авијација во Суонуик предизвика хаос на британските аеродроми , како и во Ирска . Десетици летови имаат одложувања , многу други се откажани , пренесоа светските агенции, повикувајќи се на аеродромските и британските власти. Лондонските аеродроми Хитроу , Станстед и Лутон , како и оние во Даблин , Глазгов , Единбург и Кардиф , најавија големи доцнења, посочува Франс прес. Домашни и меѓународни летови беа откажани на Хитроу - аеродромот со најголем патнички поток во Европа и со најголем меѓународен патнички сообраќај во светот. " Настана проблем при поставувањето на системот од ноќен кон дневен режим. Инженерите ни работат за негово решавање што е можно побрзо " , објаснија од британската служба за управување со воздушниот сообраќај . Технички проблеми со воздушната контрола во јужна Англија доведоа до одложувања на некои летови од Велика Британија и континентот утринава , рекоа и од аеродромот во Даблин . Портпаролот на аеродромот Станстед соопшти дека сите заминување и летови имаат помеѓу половина и два часа задоцнување .
Слично

Поврзани вести