КОЛАБИРАШЕ НА СРЕД ФУДБАЛСКИ МЕЧ: Кристијан Ериксен падна на теренот во 43.минута на натпреварот меѓу Данска и Финска
Во 43. минута од
натпреварот помеѓу Данска и Финска на европското фудбалско првенство, на
стадионот „Паркен“ во Копенхаген, мечот беше прекинат, откако фудбалерот на
Данска, 29-годишниот Кристијан Ериксен, колабираше.
Медицински тим веднаш излезе на терен, а наскоро репрезентативецот на Данска беше опкружен со лекари кои започнаа со реанимација. Ериксен, кој, како што можеше да се забележи од камерите, не даваше знаци на живот.
Во моментов натпреварот е се уште во прекин, со повеќе детали подоцна...
Foto: EPA-EFE/Friedemann Vogel/POOL
Слично
