Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кока Кола затвора две фабрики во Русија

Кока Кола затвора две фабрики во Русија
Светскиот гигант за безалкохолни пијалоци Кока Кола затвора две од четирите фабрики во Русија, а причина за ваквиот чекор е помалата побарувачка и се поголемата популарност на домашните руски брендови на пазарот. Двете фабрики во Новосибирск и во Москва , купени пред четири години за 276 милиони долари, ќе бидат затворени до 1 јуни. Работниците кои ќе ја загубат работата ќе можат да аплицираат во останатите две фабрики, кои и припаѓаат на руската подружница на Кока Кола - Мултон. Рускиот пазар за безалкохолни пијалоци опадна за 6% во периодот од јануари до септември 2013 година. Покрај тоа, Кока Кола и нејзиниот ривал Пепси се соочуваат со се посилна конкуренција од руските национални брендови. Дополнително, целокупната руска економија забавува во првиот квартал годинава, во најголем дел заради падот на инвестициите поради украинската криза. Кока Кола имаше 23,5% удел во рускиот пазар на безалкохолни пијалоци, во вредност од околу 4,6 милијарди долари минатата година. Пепси имаше 35,5%. Двете американски компании забележаа пад во однос на 2012 година, додека локалните производители како Сади Придониа, Санфрут Трејд и францускиот Лакталис го зголемиле пазарниот удел.
Слично

Поврзани вести