Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОКА-КОЛА И НЕСТЛЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ИЗРАЕЛ: Турскиот парламент ги забрани и ги „протерува“ од рестораните

КОКА-КОЛА И НЕСТЛЕ ГО ПОДДРЖУВААТ ИЗРАЕЛ: Турскиот парламент ги забрани и ги „протерува“ од рестораните

Турскиот парламент во вторникот ги забрани производите на Кока-Кола и Нестле во своите ресторани поради поддршката на овие компании за Израел.

„Производите на компаниите кои го поддржуваат Израел нема да се продаваат во ресторани, кафулиња и чајџилници на територијата на парламентот“, соопшти Големото турско национално собрание.

Одлуката ја донел претседателот на парламентот Нуман Куртулмуш со цел да ја „извести јавноста“ дека треба да ги бојкотираат производите на овие компании кои отворено ги поддржаа, како што тврди тој, „израелските воени злосторства и убиствата на невини луѓе во Газа“.

Во парламентарното соопштение не се наведува точно како Кока-Кола и Нестле ја поддржуваат воената кампања на Израел.

Турскиот претседател Таип Ердоган и неговата влада остро го критикуваат нападот на Израел врз Газа и поддршката на Западот за Израел. Израел возвраќа брутално цел месец, откако Хамас изврши напад во јужен Израел.

Здравствените власти во Газа, под контрола на Хамас, тврдат дека повеќе од 10.000 Палестинци, меѓу кои повеќе од 4.000 деца, загинале во едномесечното израелско бомбардирање.

ФОТО: EPA-EFE/NECATI SAVAS

Слично

Поврзани вести