Кока-Кола го откри пазарот кој ќе им го спаси бизнисот со сокови
Кока-Кола така му се прилагодува на пазарот, потребите и вкусот на потрошувачите.
Бидејќи бизнисот со сокови во САД слабее, компанијата на Кока-Кола е во потрага по нов пазар. Од компанијата велат дека тоа е токму Африка.
Севкупно од 2010-2020 ќе вложат 13 милијарди долари, а се надеваат на двапати поголема добивка.
Кон крајот на јануари објавија како извозот во Африка го стигнал својот рекорд од 2012 година. Имено, тогаш купиле 40 посто од најголемиот Нигериски произведувач на сокови „Chi ldt“, на групацијата „TGI“, а остатокот од фирмата планираат да го откупат во наредните три години.
„Многу сме отпимистички околу економскиот и социјален раст во Африка и ја препознаваме важноста на осигурување на предноста пред вкусовите на потрошувачите со тоа што ја шириме својата понуда и додаваме нови потрошувачи“, изјавил за Бизнис Инсајдер директорот на Кока-Кола за источна и западна Африка Кевин Балогун.
Иако американците помалку конзумираат сокови, во Африка експертите препознаваат потенцијал. Имено, најголемата полнилница на Кока-Кола во Африка, „SABMiller“ забележала раст во продажбата на негазираните сокови од 13 посто во Африка и 21 посто во Јужна Африка.
Кока-Кола така му се прилагодува на пазарот, потребите и вкусот на тамошните потрошувачи. На пример, „Sparletta Stoney Tangawizi“ и „Krest Bitter Lemon“, соковите се произведени на микро ниво исклучиво за афричкото подрачје. Тоа е она што нивната компанија ја прави најконкурентна на светот.
