Која земја Израел ќе ја прати во „камено доба“ ако дојде до војна?
Властите во Израел се заканија дека ќе го „вратат Либан во камено доба“ доколку дојде до конфликт.
„Израел ќе го врати Либан во „камено доба“ доколку дојде до конфликт со Хезболах“, се закани денеска израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.
Тој порача да не прават грешка и дека не сака војна.„Ние не сакаме војна, но подготвени сме да ги заштитиме нашите цивили, нашите војници и нашиот суверенитет“, рече Галант, по неколкунеделните судири со либанскиот Хезболах кој е поддржан од Иран.
Во последните недели долж силно обезбедуваната граница меѓу двете држави имаше неколку судири меѓу либански цивили, најмалку една група борци на Хезболах и израелските војници.
Оваа реторика се слуша од двете страни по завршувањето на војната меѓу Израел и Хезболах во 2006 година, но стана поизразена по бомбардирањето на Израел во март, за што израелските власти го обвинија Хезболах, пренесува Ројтерс.
Групата сепак не ја презеде одговорноста за бомбашкиот напад.
