Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која земја е најкорумпирана во Европа?

Која земја е најкорумпирана во Европа?

Лидер по корупција во Европската Унија (ЕУ) е Унгарија. 

Унгарија, Бугарија и Романија се најлошо рангирани во европското семејство. Данска е најдобро рангирана, а зад неа се Финска и Шведска, според Индексот на корупција Транспаренси Интернешнл за 2022 година. Понатаму следи Нов Зеланд (87), а Сирија, Јужен Судан и Сомалија се на дното на листата, објави Политико.

Луксембург, Велика Британија и Австрија имаат намалување на нивните резултати од 2017 година, а Ирска е единствената држава-членка на ЕУ чиј резултат е подобрен.

Со оценка од 28, Русија има една од најниските оценки во Источна Европа. Оценката на Украина е малку повисока (33). Се наведува дека државата се подобрува.

Молдавија, која доби статус на кандидат за ЕУ ​​минатиот јуни го подобри својот резултат.

Нашата земја котира лошо.  Македонија се наоѓа на 85-то место на листата. Со добиени вкупно 40 поени, од можни 100, Македонија е на иста позиција во однос на перцепција на корупција со Гвајана, Индија, Малдиви, Суринам и Тунис.

Од земјите во регионот, подобро рангирани од Македонија се Словенија – 41-то место, Грција – 51, Хрватска – 57, Црна Гора- 65 и Косово – 84, но Србија и Албанија се полошо рангирани и се ставени на 101-во место.

foto freepik.com/Racool_studio

Слично

Поврзани вести