Која земја беше најпосетена во 2025 година?
Франција го потврди својот статус на најпосетувана земја во светот. Во 2025 година таа беше домаќин на рекордни 102 милиони туристи, надминувајќи го сопствениот резултат од 2024 година, кога беа регистрирани 100 милиони посетители, и постигна силен раст на приходите од туризам.
Туристите остварија вкупно 743 милиони ноќевања, што е зголемување од 7,5 отсто во споредба со претходната година. Приходите од туризам се зголемија за 9 отсто во споредба со 2024 година и достигнаа 77,5 милијарди евра, што е за дури 37 отсто повеќе отколку во 2019 година пред пандемијата.
Тајната на успехот на Франција, како што наведува Euronews, лежи во напредна и долгорочна стратегија за развој на туризмот, која му овозможува на секторот да расте, а во исто време се обидува да го држи прекумерниот туризам под контрола. Франција планира да ги зголеми годишните приходи од туризам на 100 милијарди евра до 2030 година.
Шпанија е веднаш зад Франција, која во 2025 година прими 96,8 милиони туристи.foto Wikipedia/Jonathan Martz
