Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈА ВАКЦИНА ЌЕ БИДЕ ЕФИКАСНА ПРОТИВ АГРЕСИВНИОТ „ОМИКРОН“: Една од компаниите најави дека ќе развие оружје и против новиот застрашувачки сој

КОЈА ВАКЦИНА ЌЕ БИДЕ ЕФИКАСНА ПРОТИВ АГРЕСИВНИОТ „ОМИКРОН“: Една од компаниите најави дека ќе развие оружје и против новиот застрашувачки сој

Откако научниците предупредија дека новиот сој на корона вирусот има дури над 30 мутации на спајк-протеиниот со кој вирусот навлегува во човековите клетки, а вакцините со кои сега располага светот се проектирани да го сузбијат токму шилестиот проетин и дека повеќе нема да бидат ефикасни против новиот „Омикрон“, компанијата Модерна најави дека ќе развие нова ефикасна вакцина и против оваа варијанта.

Модерна преку соопштение до медиумите информира дека веќе тестирала бустер доза кај здрави возрасни лица што содржи двојно поголема количина на дозирање од тоа што е моментално дозволено. Производителот на лекови, исто така, „проучува и два мултивалентни кандидати за бустер се дизајнирани да предвидат мутации како оние што се појавија во варијантата „Омикрон“, велат од компанијата. 


Слично

Поврзани вести