Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која партија го поддржува ставот на Макрон за Македонија и Албанија?

Која партија го поддржува ставот на Макрон за Македонија и Албанија?

Францускиот претседател Емануел Макрон и десничарите го делат ставот дека Скопје и Тирана не треба да почнат преговори со Европската Унија. 

Пратениците од партијата Движење на Макрон и десничарските популисти од групата „Идентитет и демократија“ во средата беа обединети во противењето да се отворат пристапни преговори со Македонија и Албанија, пишува денеска „Јуропијан вестерн балканс“.

Дури и политичките партнери на Макрон од групата „Обнова на Европа“ се спротивставиле на одлуката. 

Макрон можеби го освои претседателскиот мандат со ветувањата дека ќе го порази популизмот, но деновиве повеќе балкански држави го нарекуваат „европскиот Трамп“. 

Ветото на Макрон создава простор за геополитички разместувања на Балканот. 

Македонските политичари не го кријат разочарувањето.

Слично

Поврзани вести