Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈА ИМ БЕШЕ КРАЈНАТА ЦЕЛ: Спасени 5000 мигранти за два дена

КОЈА ИМ БЕШЕ КРАЈНАТА ЦЕЛ: Спасени 5000 мигранти за два дена

Околу 5.000 мигранти се спасени во четвртокот и петокот,  во Средоземното Море крај брегот на Либија за време на бројни операции, организирани од италијанската и либиската крајбрежна стража, пренесе Франс прес.

Од водата е изваден и трупот на еден мигрант, посочија денеска италијански војници од оние сили кои ги соопштија последните податоци.

По активностите на спасувачките екипи во ноќта спроти сабота спасените се над 2100, и тие пловеа со 17 бродови и чамци.

Седум лица се однесени во болници во критична состојба, вклучувајќи и бебе од 45 дена, прецизира ДПА, цитирајќи соопштение на властите.

Во четвртокот се спасени 2900 мигранти, 2300 од нив се наоѓаат во меѓународни води, патуваат за Италија, а други 580, останале во либиска територија, и се вратени во Либија.

Слично

Поврзани вести