Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е земјата која е спремна да го чува украинското небо?

Која е земјата која е спремна да го чува украинското небо?

Велика Британија е подготвена да испрати војници во Украина за да го бранат воздушниот простор и морските пристаништа, но не и на бојното поле против Русија, изјави началникот на британската армија Тони Радакин на состаноците во Пентагон, објавува Гардијан.

Радакин, началникот на Генералштабот, денеска учествува во разговорите во Вашингтон за финализирање на обврските што 30 земји се подготвени да ги преземат за безбедноста на Украина по војната. Според британските претставници, Лондон е подготвен да испрати војници за логистичка поддршка и обука, но не и да распореди војници по руската граница.

Првично, се зборуваше за можно распоредување до 30.000 војници, но оваа идеја беше отфрлена поради противењето на некои европски земји.

Британскиот министер за одбрана Џон Хили минатата недела изјави дека Лондон е подготвен да ѝ помогне на Украина „да го обезбеди своето небо и море и да ги зајакне украинските сили“.

Британските претставници велат дека подготовките се сериозни, а не само политички притисок врз Русија. 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во вторникот изјави дека очекува безбедносните гаранции да бидат финализирани во следната „недела до 10 дена“.

Рускиот шеф на дипломатијата,  Сергеј Лавров тврди дека Русија никогаш немала намера да окупира украински територии, туку само сакала да го заштити рускиот народ.

foto EPA/IVAN BOBERSKYY

Слично

Поврзани вести