Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈА Е СОПРУГАТА НА ЕРДОГАН-НЕ САКАЛА ДА СЕ ОМАЖИ СО ПОКРИЕНО ЛИЦЕ: Светот ја памети по една контроверзна изјава

КОЈА Е СОПРУГАТА НА ЕРДОГАН-НЕ САКАЛА ДА СЕ ОМАЖИ СО ПОКРИЕНО ЛИЦЕ: Светот ја памети по една контроверзна изјава

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган е во дводневна посета на Србија, а неговото доаѓање е причина и за приказната за жената која е во брак со него од 1978 година, Емина Ердоган.

Емина Ердоган, чие моминско презиме е Гулбаран, е родена на 16 февруари 1955 година во Истанбул, најверојатно во Ускудур, иако не се знае со сигурност бидејќи како место на нејзиното раѓање се споменува и Фатих. Која е разликата? Првиот е помодерен, а вториот поконзервативен дел од турскиот град.

 Таа има арапско потекло, пораснала како најмало дете и единствена ќерка во семејство со пет деца. Таа го посетувала уметничкото училиште Митхат Паша Аксам, кое го напуштила пред дипломирањето. Имала 15 години кога нејзиниот постар брат Хусеин и забранил да ја напушти куќата затоа што „не одговарало за девојчиња на нејзина возраст“.

Тешко ја поднесувала одлуката на нејзиниот брат, за која зборувала во едно интервју, но со помош на мајка си почнала да ја напушта куќата. Пресудно во нејзиниот живот било нејзиното запознавање со писателот Шуле Јискел, кој се занимавал со улогата на Турчинката и муслиманката во светот.

Емина стана членка на „Здружението на идеалистички жени“, а на една средба го запознала својот иден сопруг. Тие се венчале во 1978 година, и покрај противењето на неговата мајка, која инсистирала нејзиниот син да се ожени со девојка со целосно покриено лице, на што првата дама на Турција не се согласила.

Парот Ердоган има четири деца, две ќерки и два сина. Пријателите ја опишуваат Емина како силна, интелигентна и духовита личност која игра многу важна улога „зад сцената“. Познато е дека сопругата на турскиот претседател сака да чита, да плива, да вози и да слуша турска класична музика.

Има и контроверзи поврзани со неа, како изјавата од 2016 година дека „харемите на османлиските султани биле училишта за членовите на династијата и образовни институции кои ги подготвувале жените за живот“.

Што се однесува до стилот на првата дама на Турција, Емина носи хиџаб, нејзиниот стил зрачи со традиција, но и елеганција и софистицираност. Таа пред три години на самитот на НАТО во Лондон носеше капут од познат српски бренд.

ФОТО: EPA/MOHAMED MESSARA

Слично

Поврзани вести