Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е следната земја која Ким ќе ја посети?

Која е следната земја која Ким ќе ја посети?

Посетата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун на Русија се разгледува и е можна во блиска иднина, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

„Работите се разгледуваат и може да се рече дека посетата е можна во непосредна иднина“- кажа Захарова на прашањето дали е можна посета на Ким Џонг-ун на Русија.

Севернокорејскиот лидер оваа недела во Пекинг се сретна со претседателот на Кина, Си Џинпинг. Ова беше прво патување на Џонг-ун надвор од Северна Кореја од неговото доаѓање на власт во 2011 година. Ова се случува по шест години изолација. 
Младиот диктатор, Ким Џонг Ун, кој припаѓа на третата генерација од семејството што управува со земјата, се фокусираше на зајакнување на неговата моќ дома. 
Деновиве медиумите пишуваа за посетата на Ким на Кина. 

Слично

Поврзани вести