Која е сега слабата точка на Русија во Украина?
Русија има уште една слаба точка во Украина. Британското Министерство за одбрана објави дека руските сили воспоставуваат одбранбени позиции со слабо обучени мобилизирани резервисти околу Сватова во областа Луганск. Сватова во моментов е ранлив блок на руските сили, стои во најновиот британски извештај.
Воените команданти според нивните информации се борат да обезбедат ресурси за офанзивните операции на југ во Доњецк.
„Одбранбените и офанзивните способности на Русија продолжуваат да се оптоварени со голем недостиг на муниција и квалификуван персонал“, стои во извештајот.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата навечер изјави дека руската артилерија ги напаѓа украинските војници и дека тој ден тие истрелале скоро 400 различни проектили само на истокот на земјата, пишува Ројтерс.
Руските војници пред извесно време се повлекоа од Херсон, каде полека животот се нормализира, а тргна и воз на релација Киев - Херсон. Таму имаше и мачени цивили. Околу 45 земји и институции ќе учествуваат денеска на донаторска конференција во Париз, каде што треба да се обврзат дека ќе и дадат милиони евра помош на Молдавија, затоа што расте стравот дека таа може дополнително да се дестабилизира од војната во соседството.фото принтскрин Твитер
