Која е причината која го натера Пригожин да се откаже од пучот?
Можно е водачот на групата „Вагнер“, Евгениј Пригожин да се откажал од вооружениот бунт затоа што немал поддршка од својот народ, тврди директорот на ЦИА Вилијам Барнс, пренесува хрватски „N1“.
Новинарката го прашала Барнс за краткиот бунт на Пригожин минатиот месец, барајќи од директорот на ЦИА да објасни зошто водачот на платеничката група се откажал, пренесува „Business Insider“.
„Некои од неговите луѓе беа нервозни“, рече Барнс.
На 23 јуни, Пригожин, некогаш близок советник на рускиот претседател Владимир Путин, остро го критикуваше руското воено раководство и ги предводеше своите трупи на марш кон Москва за време на кој одредот собори неколку руски воени авиони, по што Пригожин одеднаш се сврте и се откажа од бунтот и многумина се прашуваа зошто сето тоа.
Минатата недела, Бернс рече дека Пригожин „смислува потези во лет“. Брнс нагласи дека има само пет илјади мажи со Пригожин, што не е доволно за да ја заземе Москва.
Руската инвазија на Украина почна лани на 24 февруари.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски тврди дека подготвуваат чекори за деокупација на Крим.
