Која е поврзаноста на Доналд Трамп со Илуминатите
Американските политички аналитичари на шега велат ако Доналд Трамп победи на изборите тогаш тоа ќе биде најголем доказ дека Илуминатите не постојат. Народот секако, сака да се занимава со теории на заговор во кои Илуминатите се неизбежен дел, па да ги разгледаме најактуелните тврдења кои кружат на интернет.

Блогот illuminatiwatchdog.com тврди дека Трамп не е член на високиот ред на ложата на Илуминатите и дека кампањата за претседател ја водел контра нивните интереси со многу непредвидливи политички тактики. Според нив, Трамп играл на картата одметник за време на партиските избори, но откако ги порази сите етаблирани кандидати добил поддршка од Илуминатите. Тие кои му ветиле дека ќе му обезбедат донации од политичкиот и бизнис естаблишментдоколку тој им ги спроведува нивните планови во Белата куќа. Секако, доволен број на докази за средби на Трамп со високиот ред на Илуминатите нема, освен своеволни прогнози и анализи.
Поаграсивните теории на заговор велат дека злобното крило на Илуминатите намерно го форсира Доналд Трамп како шоумен и нетрадиционален политичар, единствен кој може да ја порази Хилари Клинтон од актуелните републикански кандидати кои немаат доволно енергија и потенцијал. Затоа Илуминатите се надеваат дека Трамп ако победи ќе биде уште поаграсивен и ќе спроведе ултра злокобни американски политики, на кои пак, Хилари не би ни помислила бидејќи припаѓа на умерената „школа“ иако и самата е инволвирана во голем број на замрсени сценарија во Ирак, Либија и Сирија.
Третата најприсутна теорија на интернет сферата која ја форсираат повеќе блогери кои тврдат дека се независни е дека Трамп е само марионета на големата ложа на Илуминатите и дека процениле токму тој е кандидатот кој може најлесно да го манипулираат и да ја продолжат политиката на Џорџ Буш прекината од Обама кој го порази неговиот наследник Мек Кејн. Проценката е дека Трамп никогаш не би ни помислил на политиката како редовно исмевана богата личност во САД кој на медиумите им служи само за потсмев и мајтап. Со Трамп во Белата куќа ќе може да владеат апсолутно и да го променат моменталниот баланс на политичката сцена, но и најдобро да се затскријат бидејќи милијардерот тврди дека е независен и аутсајдер од двете најголеми партии во САД.

Што мислите вие дали воопшто некоја од овие теории „држи вода“ и дали верувате дека Илуминатите, тајното здружение, навистина ги влече конците зад завеста. Засега нема конкретни докази кои би укажале дека Трамп е зависен или на било кој начин поврзан со Илуминатите. Исто така за самото здружение повеќе се прави медиумска фама отколку што тие се навистина моќни.
