Која е новата цел на „Исламска држава“?
Малезија и други земји во регионот на Југоисточна Азија можно е наскоро да бидат изложени на сериозна закана од групата „Исламска држава" чии борци ја губат контролата врз териториите на Блискиот Исток.
„Екстремистичките групи ги напуштаат Ирак и Сирија и се насочуваат кон други држави, за да вршат терористички напади"- пишува весникот Њустрејтс тајмс, повикувајќи се на извор во антитерористичките служби во Малезија.
Странските платеници со воено искуство и ракување со оружје може да се претворат во духови за локалните тајни служби, бидејќи недостасуваат лични информации за терористите, пишува весникот.
„Ако станува збор за луѓе од Југоисточна Азија (Индонезија и Малезија), задачата за нивно апсење од локалните тајни служби се поедноставува "- се вели во текстот.
Иако недостасуваат информации за бунтовници од Европа или на Блискиот Исток, тие сериозно се плашат од нивно продирање во Азија.
