Која е најголемата закана за економиите во светот?
Комбинацијата од ниски каматни стапки и „експлозија на долгот" се претвора во најголем ризик за економиите во светот, велат од канадскиот институт Global Risk Institute.
„Овие ниски каматни стапки можеби имаат потенцијал да бидат следниот сериозен проблем со кој ќе се соочуваат земјите, а причината е долгот кој „избувна“ насекаде. Има долг стекнат врз основа на долг"- изјави Ричард Несбит, извршен директор на групата.
Глобалниот долг е зголемен за околу 37% од финансиската криза во 2008 година, додава Несби. Централните банки во светот ги намалуваат каматните стапки, за да го поттикнат растот, а во Јапонија и дел од Европа каматните нивоа веќе се под нулата, вели тој.
„Фактот дека европските и јапонските централни банки имаат негативни каматни стапки треба да е сигнал за луѓето дека работите се многу погрешни"-вели Несбит.
Во САД почнува да се зголемуваат каматните стапки, а други економии, на пример Канада и Австралија, можат да го направат истото, смета експертот.
