Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е најфреквентната авиолинија во светот?

Која е најфреквентната авиолинија во светот?

Авиолинијата помеѓу Сингапур и Куала Лумпур, е најфреквентната меѓународна рута во светот, објави ОАГ Авиејшн.

Авионите за една година до крајот на февруари 2018 година летале меѓу тие две дестинации 30.537 пати. 

Оваа авиолинија го презеде приматот од линијата Хонг Конг – Тајпеј.

Летот помеѓу Сингапур и Куала Лумпур трае околу еден час. Во план е изградба на брза железница што би ги поврзувала тие два града.

Меѓу Куала Лумпур и Сингапур се извршуваат 84 летови дневно. 

Слично

Поврзани вести