Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е најдобрата дестинација за соло патувања во 2026 година?

Која е најдобрата дестинација за соло патувања во 2026 година?

Најдобрата туристичка дестинација за соло патувања во 2026 година е Италија. 

Според индексот на „Мач бетер адвенчурс“, првото место на листата на најдобри европски дестинации за „соло“ патувања во 2026 година ѝ припадна на Италија. Рангирањето е направено според критериумите за безбедност,  пристапноста на оброците и леснотијата за добивање визи. 

Според авторите на истражувањето Италија претставува комбинација од врвна гастрономија, развиена железничка мрежа и разновидни природни пејзажи, што ја прави особено привлечна за „соло“ патниците. Во образложението се нагласува дека токму оваа комбинација овозможува лесно движење низ земјата, но и разновидно туристичко искуство.

Второто место ѝ припадна на Португалија, издвоена поради високото ниво на безбедност и развиената инфраструктура. Меѓу препорачаните дестинации се атлантскиот брег, Азорските Острови, како и рибарските патеки надвор од најпосетените туристички центри како Лисабон и Алгарве. Веднаш по неа се најде Шпанија, а за најпопуларни туристички дестинации се наведуваат кантабрискиот брег, Галиција и регионот Мурсија.

Во останатиот дел од европската ранг-листа следуваат Норвешка, Словачка, Албанија, Исланд, Грција, Словенија и Романија. Норвешка се издвојува по својата безбедност и недопрената природа, додека Албанија е истакната како поволна дестинација поради ниските цени и атрактивното крајбрежје. Листата се завршува со  Романија како една од најприфатливите опции за „соло“ патувањата во Европа.

Според соосновачот на компанијата „Мач бетер адвенчурс“, Сем Брус, во последните години се забележува растечки тренд на таканаречените „соло“ патувања. 

foto printskrin youtube

Слично

Поврзани вести