Koja e најбезбедната земја на светот?
Македонија се најде на 38. место на листата на најбезбедни земји.
Најбезбедна држава во светот за 2023 година е Исланд. Оваа земја е на врвот на истражувањето секоја година од 2008. Глобалниот индекс на мир (ГПИ) го претстави годишното рангирање на најбезбедните земји во светот, кое го креираше Институтот за економија и мир. Исланд е прва земја поради ниската стапка на криминал, но и ниската воена потрошувачка и ниската стапка на меѓународни конфликти. Втора на листата е Данска, делумно поради ниското ниво на владина корупција, а трета е Ирска, која напредуваше за пет места од истражувањето лани.
Од Балканот, најдобро рангирана е Словенија на 8. место, Хрватска е 14-та, а Бугарија и Романија се на 30. и 31. место. Зад Македонија се Албанија (40), Црна Гора (45), Грција (60), Босна и Херцеговина (61), Србија (65), Косово (70) и Турција (147).
foto freepik.com/tawatchai07
Слично
