Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈА Е МИСТЕРИОЗНАТА ДОКТОРКА МАРИЈАНА? После нејзиниот третман Новак го продолжи своето учество во Австралија - ЕВЕ ВО ШТО Е ТАЈНАТА

КОЈА Е МИСТЕРИОЗНАТА ДОКТОРКА МАРИЈАНА? После нејзиниот третман Новак го продолжи своето учество во Австралија - ЕВЕ ВО ШТО Е ТАЈНАТА

Маријана Ковачевиќ стана позната како доктор кој им помага на најголемите спортски ѕвезди брзо да закрепнат и што поскоро да се вратат на терените.

Последен на списокот на луѓе на кои им помогнала е Новак Ѓоковиќ! Д-р Маријана е забележана дури и во Новак бокс во Мелбурн, а причина за тоа е фактот што многу му помогна да остане на Австралија Опен.

Во еден момент се чинеше дека Новак толку тешко ќе може да го „истурка“ турнирот до крај, а потоа во целата приказна се вклучи и познатата докторка.

- По моите третмани, мускулот е целосно нов. Нема трага од претходна повреда. Бидејќи мускулот е потполно нов - нема лузни, сенки, фиброза, нема можност за повторување на повредата, тоа е втората точка од револуционерната метода. На крајот од терапијата се прави скенирање за да се потврди тоа. Значи, поентата е да се постигне целосна регенерација на мускулите - вели таа во интервју за ТВ Прва.

По овој третман, закрепнувањето трае значително помалку време.

- Терапиите се толку силни што еден час терапија заменува една недела третман со која било метода во светот. Затоа, ако кажат дека треба да мирува еден месец, ќе го решам проблемот за четири часа - објасни Маријана.

Курир спорт

Фото: Принтскрин Курир.рс

Слично

Поврзани вести