КОЈА Е ФАТАЛНАТА ХРИСТИНА ШТО БЕШЕ ВО АВИОН СО ПРИГОЖИН? Објавила фотографија, се пожалила на една работа, па отишла во смрт
Кристина е единствената жена која била со Прижогин во авионот што се урна.
Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, загина во авионска несреќа. Имено, авионот со патници се урнал во северните предградија на Москва, а немало преживеани. Меѓу загинатите патници е и Кристина Распопова (39), која работела како стјуардеса.
39-year-old air stewardess Kristina Raspopova was the only woman to be killed on Prigozhin’s plane.
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 23, 2023
She was the sister of Yevgeny Raspopov, a Deputy Prosecutor in the Chelyabinsk Region. pic.twitter.com/3UorEKos3k
Покрај тоа што беше стјуардеса, таа имаше и многу интересна политичка позадина. Имено, таа е сестра на Евгениј Распопов, заменик-главниот обвинител на регионот Чељабинск, кој се наоѓа во азискиот дел на Русија.
На социјалните мрежи се појави последната фотографија од несреќната жена која е направена непосредно пред падот на авионот. Имено, таа објави слика на која се гледа куфер и појадок.
Во моментот на смртта имала 39 години. Се вработила во компанијата МНТ Аеро, работејќи со договор, а била задолжена за приватни летови. Непосредно пред падот на авионот, таа наводно му се пожалила на семејството за доцнењето на летот.
Кога решила да стане независна, таа наводно се преселила од Казахстан во Москва.
"Таа отиде во Москва за да ги оствари своите соништа. Имаше силен карактер, беше многу амбициозна", изјавила личност која ја познавала, која сакала да остане анонимна.
Кој е Евгениј Пригижин?
Шефот на руската приватна платеничка армија, Групата Вагнер, се издигна откако зазеде се повидлива улога во војната во Украина, каде што неговите платеници се борат во име на Москва, откако редовните трупи претрпеа тешки порази и изгубија територија што ја освоија на почеток на војната.
Војниците на Вагнер го подигнаа руското знаме во источниот украински град Бахмут по долга и крвава битка, давајќи и ја на Москва многу потребната победа во 15-месечниот конфликт.
Пригожин го претвори тој момент на триумф во можност само неколку дена подоцна да го обвини руското воено раководство дека е одговорно за неуспесите во Украина, нешто што само неколку избраници можат јавно да го направат без одмазда од Кремљ, пишува „Ал Џезира“.
Пригожин ги остави сопругата и трите деца.
Единицата на Пригожин го добила името Вагнер по прекарот на нејзиниот прв командант Дмитриј Уткин, пензиониран потполковник на специјалните сили на руската армија. Наскоро се здобила со репутација на бруталност и немилосрдност.
Вагнер првпат беше виден во акција во источна Украина набргу по избувнувањето на конфликтот таму во април 2014 година, во неделите по руската анексија на Крим.
И покрај тоа што го поддржува бунтот во Донбас, источното индустриско срце на Украина, Русија негираше дека испратила свое оружје и војници таму. Вклучувањето на „приватни изведувачи“ во борбите и овозможи на Москва да одржи одреден степен на негирање.
Персоналот на Вагнер е распореден и во Сирија, каде Русија ја поддржа владата на претседателот Башар ал Асад. Во Либија, тие се бореа заедно со силите на одметнатиот командант Калифа Хафтар. Се верува дека групата работи и во Централноафриканската Република и Мали.
Пригожин, наводно, го искористил распоредувањето на Вагнер во Сирија и африканските земји за да обезбеди профитабилни договори за рударство. Американскиот државен потсекретар Викторија Нуланд во јануари изјави дека компанијата го користи својот пристап до злато и други ресурси во Африка за да ги финансира операциите во Украина.
Фото: Принтскрин/Фејсбук