Економија, финансии, бизнис

Контакт

Која е дестинацијата број еден за милијардерите?

Која е дестинацијата број еден за милијардерите?

Милијардерите уште се насочени кон луксузните имоти во Северна Америка.

Мултимилионерите и милијардерите имаат интерес за инвестиции во луксузни недвижности во Северна Америка и покрај знаците за опаѓање на високиот сегмент од пазарот, соопштува Ројтерс, повикувајќи се на податоци на Citigroup.

Според Ида Лиу од банката инвестициите во луксузни имоти се сигурен азил за богатите.

Citigroup работи со една третина од милијардерите во светот, вклучувајќи и многу богати поединци од Кина. Тие продолжуваат да ја гледаат Северна Америка како дестинација број еден.

Во последните години приватни клиенти на Citi помогнаа да се финансира изградбата на едни од највисоките облакодери во Менхетен и Бостон.

Банката планира да направи уште еден сличен инвестициски проект во Северна Америка.

Слично

Поврзани вести