Kој живее подолго во ЕУ, жените или мажите?
Жените во Европската Унија имаат просечно 63,3 години здрав живот, односно живот без ограничувања во активностите, додека кај мажите тој период е нешто пократок – 62,8 години, соопшти денеска Европската служба за статистика (Евростат).
Кога станува збор за години здрав живот кај мажите – првото место го заземаат жителите на Малта (речиси 72 години), по што следат Италијанците (68,5), Швеѓаните (нешто повеќе од 67 години), додека на дното на табелата се Летонија (нешто повеќе од 51 година), Естонија (56,5) и Словачка (речиси 57).
Жените од Малта се на прво место (нешто повеќе од 71 година), Бугарија (71) и Италија (скоро 70), додека најмалку такви години имаат жените од Летонија (нешто повеќе од 54), Данска (повеќе од 55) и Финска (речиси 56).
foto freepik.com
