Кој заработи од војната помеѓу Apple и Samsung?
Заштитата на интелектуалната сопственост е од огромно значење во IT индустријата, каде еден ред од програмскиот код може да те лансира на врвот, но може и целосно да те уништи. Затоа битките помеѓу компании од рангот на Apple и Samsung се особено привлечни. Патентната војна помеѓу овие два технолошки гиганти продолжува со години и се однесува на техничките детали за кои некоја од компаниите објавува дека е нејзина сопственост. Често овие борби се однесуваат на патенти, запишани во регистарот пред десетина години, а во крајна линија често се доаѓа до налог за исплата на гигантски казни за една од компаниите.
Во 2012 година се случи последното дело помеѓу двете компании, кое го доби Apple. Судот немаше лесна задача за да расчисти какви престапки и нанел Samsung на конкуренцијата, нарушувајки неколку патенти кои се однесуваат на iPhone и iPad. На крајот корејскиот гигант беше задолжен да му исплати 929 милиони долари на Apple. На крајот од минатат недела американците ги заведоа барањата за исплата на 15,7 милиони долари кои треба да ги покријат хонорарите на адвокатите. Покрај побарувањата Apple откри уште некои љубопитни детали за делото.
Компанијата од Калифорнија ќе плати близу 60 милиони долари на правниците за работата во периодот Август 20011 – август 2013 година. Голем дел од парите ќе завршат на сметката на главната канцеларија, која се занимава со правните барања на Apple - Morrison & Foerster, а само 2 милиони долари ќе бидат исплатени на Wilmer Cutler Pickering Hale & Dorr, која го заштитуваше Apple од барањата на Samsung. Новото барање на американците е определено како разумен, а од компанијата прецизираат дека направиле напори, кога тоа било возможно за намалување на хонорарите како и за користење на отстапки.
Наброените суми се само капка во морето, бидејки се однесуваат само на едно единствено дело. За потсетување, за исти дела Apple има покренато постапки и против HTC и Motorola. Треба да се има во предвид и сериозниот труд, кој е вложен од правниците на двете компании. За време на постапката адвокатите на двете компании имаат поднесено вкупно 1277 молби за претсавување на докази, 4047 молби за одобрување на сведоци и имаат извршено 175 распити.
Марк Лемли, кој е професор по интелектуално право на университетот во Станфорд ги проценува судските спорови во индустријата од последните години на 1 милијарда долари. “Производителите на смартфони можат да си дозволат такава казна, но останува нејасно каква е користа за обштеството од тоа постојано водење на дела,” коментира Лемли. За споредба, обртот на Apple од две неделната продажба на iPhone е околу 1 милијарда долари.
Судските дела се исклучително доходовни и полезни за правниците, особено за големи адвокатски канцеларии како Morison & Foerster, кои се богатат во областа на интелектуалното право. Бројот на такви дела растат секоја година. Во 2013 година тие биле двојно повеќе од бројот на заведените три години претходно, утврдило истражувањето на LexMachina. Експертите очакуваат нивниот број да да продолжи да расте.
К.К
Слично
