Економија, финансии, бизнис

Контакт

Кој стои зад нападот во Манчестер арената?

Кој стои зад нападот во Манчестер арената?

Терористичката организација „Исламска држава“ денеска ја презема одговорност за нападот во Манчестер арената, во кој загинаа 22 лица, а 59 се ранети. 

Припадниците на ИД на социјалните мрежи објавиле видеоснимка во која преземале одговорност за нападот, објави порталот Акбар Ирак.

Четири часа пред нападот во Манчестер, на еден профил на Твитер се објавени два твита со кои има закана кон Арената во Манчестер, а покрај заканите, во твитовите била објавена и фотографија со знамето на ИС.

Твитер потоа блокираше многу профили кои упатија пофалби за нападите, но нивниот број и натаму е голем. Многу од нив упатија повици до „осамените волци“ да извршат напади во земјите од Западот.

Дел од твитовите велат дека експлозијата во Манчестер била одмазда за нападите над децата во Мосул и Ал-Рака. Британските безбедносни служби го третираат случајот како терористички акт. Тие веруваат дека бомбашот  загинал во нападот.

Слично

Поврзани вести